„Балкански денови за сајбер безбедност 2023“ во Охрид

57

Во Охрид од денеска до 18 мај ќе се организира средбата под наслов „Балкански денови за сајбер безбедност 2023“, во организација на Женевскиот Центар за управување со безбедносниот сектор (DCAF – Geneva Centre for Security Sector Governance), Форумот за справување со инциденти и безбедносни тимови (FIRST- Forum for Incident Response and Security Teams)  и MKD-CIRT Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации.

Како што информираа од Агенцијата за електронски комуникации, овој настан е прв од низата предвидени настани во контекст на остварувањето на проектот „Добро владеење во областа на сајбер безбедноста на Западен Балкан“ поддржан од Канцеларијата за надворешни работи, комонвелтот и развој на Обединетото Кралство “На средбата во Охрид најавени да присуствуваат повеќе од 100 учесници од регионот и пошироко, а ќе го отворат директорот на Агенцијата за електронски комуникации Јетон Акику, заменик директорот на Женевскиот центар за управување со безбедносниот центар Марк Доунс и претседавачот на Форумот за справување со инциденти и безбедносни тимови Серж Дрост.

На отварањето на настанот, како што најавија организаторите, со свое излагање ќе се обратат и заменик на претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење Славица Грковска, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и претставникот на Амбасадата на Обединетото Кралство Ендрју Бранд ( Andrew Brand).

– На овој настан ќе им се овозможи на учесниците да се здобијат со знаења односно да ги подобрат способностите за откривање инциденти и справување со нив како и давање соодветен одговор во рамките на својата организација , да се зголемат нивните сознанија и свест за новите видови на закани и трендови во сајбер безбедноста и да се зајакне нивната способност за спроведување форензички истраги и пенетраациско тестирање .

На овој и на следните настани се предвидува да се прошири и на професионален начин мрежата на соработка меѓу професионалците од оваа област како во регионот така и пошироко со запознавање на техниките и процедурите на водечки експерти за сајбер безбедност кои ќе имаат свои презентации, стои во соопштението од Агенцијата за електронски комуникации.

Со овој настан се потенцира и значењето на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT кој работи во склопот на Агенцијата за електронски комуникации и кој е дел од контакт точките на споменатите Меѓународни организации кои се водечки во областа на сајбер безбедноста и кои се дел од проектот „Добро Владеење во областа на сајбер безбедноста на Западен Балкан“.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content