Воените оркестри од армиите на Северна Македонија и на САД за Европа и Африка ќе одржат концерти

33

Воениот оркестар на Армијата на САД за Европа и Африка денеска на пладне ќе изведе самостоен настап на градскиот плоштад во центарот на Скопје.

Двата воени оркестри утре ќе изведат заеднички концерт во градскиот парк кај „Школка“.

-Посетителите ќе имаат можност да проследат повеќе популарни џез, поп, рок и соул нумери со кои ќе се претстави сојузништвото и ќе се испратат пораки на пријателство и мир, соопштија од Генералштабот на Армијата.

Воените оркестри на двете сојузнички армии како дел од армиската соработка, веќе традиционално пред почеток на поголемите вежбовни активности одржуваат заеднички концерти.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content