Нов грозоморен настан во Скопје: Ученик упатил закани по живот кон професори

57

Полицијата вчера покрај врсничкото насилство преку „Тик-ток“ и вперувањето на пластичен пиштол од 13-годишник кон соученици, интервенирала и при закани од 16-годишник кон професори. Тој објавил фотографија на социјална мрежа, која содржла закани.

„Полициски службеници од ЕВР Карпош при СВР Скопје привеле 16-годишен малолетник- ученик, постапувајќи по пријава од директорот на училиштето поради објава на социјална мрежа на содржина со закани по живот кон професори. Известен е јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО за сторено кривично дело загрозување на сигурноста“, велат од МВР.

За информации „Макфакс“ упати прашања и до скопското Обвинителство од каде чекаме одговори.

Сите овие настани доаѓаат по масакрот во белградско училиште каде беа убиени девет лица, од кои осум се ученици, а еден е чувар. Има и тешко ранети, како и полесно повредени.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content