Приведени четири средношколки од Скопје – на „Тик-ток“ ѝ се заканувале на друга ученичка

34

Преку социјалната мрежа „Тикток“, средношколки од Скопје се заканувале кон ученичка во училиштето каде учеле. За ова пријава дошла и до МВР, кои постапиле и ги повикале сите на разговор. За случајот се запознаени и родителите на трите малолетнички.

На 05.05.2023 полициски службеници од ПС Центар при СВР Скопје извршиле службен разговор со Е.Р. (18) и три 17-годишни малолетнички, сите ученички во средно училиште во Скопје, на кој присуствувале и нивните родители, по добиена пријава од вработени во училиштето дека ученичките на социјална мрежа постирале содржина со закана кон ученичка во истото училиште и други лица, информира МВР.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content