Американско сценарио во средината на Белград: Трагедијата во Србија потсетува на убиствата во училиштата низ САД
Во едно од основните училишта во Белград се случи крваво убиство, какви што Србија не памети, пишуваат медиумите во соседството. Ученик од седмо одделение (14) влегол вооружен во просториите на воспитно-образовната установа и почнал да пука кон присутните при што уби најмалку девет лица, меѓу кои и деца. Оваа трагедија, според медиумските анализи, потсетува на еден од најголемите проблеми со кои САД се соочуваат со години и речиси секој ден, а тоа се масакрите во основните и средните училишта кои резултираат со голем број жртви. Доста често, според написите, сторителите се самите ученици кои имаат пристап до оружје.
Како што објасни началникот на белградската полиција Веселин Милиќ, ученикот Коста К. го планирал крвавото убиство еден месец и имал список со имињата на лицата што сакал да ги убие.
За Србија тоа е незаборавно сценарио, а за Америка, за жал, секој втор училишен ден, пишуваат медиумите.
Потсетуваат дека претходната година имаше дури 46 масовни престрелки во училиштата во Америка, што е најголем број од 1999 година.
Во нив беа убиени и ранети десетици деца. Исто така, треба да се напомене дека стотици од нив се соочуваат со сериозни трауми предизвикани од претрпениот страв. Сепак, најзагрижувачка информација е фактот дека често учениците се тие кои почнуваат со масакри во училиштата.
Последното во низата престрелки се случи пред само седум дена, во средно училиште во Ноксвил. Иако во моментот на нападот во училиштето имало дури 1.400 луѓе, едно лице е рането.
Според локалната полиција, до пукањето дошло откако 14-годишен ученик претурал по својот ранец кога пукнал пиштолот во него. Куршумот го напасил наставникот, а подоцна се испоставило дека тој пиштолот го земал од неговиот татко.