Промовиран Прирачник за поддршка на родители на деца со пречки во развојот

41

Автори на прирачникот се Фики Гаспар, Бојан Богдановски и Олга Јотовска. Издавач е Фики Гаспар, уредник Бојан Богдановски и спонзор Центарот за психофизичко здравје „Гаспар“.

Дефектологот Катерина Гаспар информираше дека прирачникот е наменет за голема поддршка на родители, коишто се соочуваат со различни дијагнози кај своите деца, а притоа имаат огромен број прашања, околу тоа како и каде да се насочат.

Еден од рецензентите, професор доктор Горан Ајдински го пофали трудот и авторите и подвлече дека е ова исклучително добро стручно дело, со мултидисциплинарен пристап, дефектолошки, логопедски, психолошки, педијатриски и слично. Тој додаде дека авторите имаат огромно стручно искуство, а овој прирачник ќе биде од голема стручна помош за стручни лица од овие области, за студенти, за родители.

Професор доктор, специјалист Велимир Тасиќ, исто така нагласи дека станува збор за квалитетно стручно дело.

Еден од авторите, Гаспар рече дека со овој прирачник, меѓу другото, се делува и превентивно.

– Во трудот е напишано кои се чекорите што треба да ги преземе одреден родител којшто првпат се соочува со одредена дијагноза. Има и дел посветен за професионалците кои се занимаваат со одредени дијагнози и проблематики. Целта ми беше малку да се ублажи тој ефект што го имаат родителите кога добиваат одредена дијагноза и потешкиот ефект, кога немаат дијагноза, а се свесни дека има проблем со нивното дете. Се надевам дека овој труд ќе им помогне во тој процес, појасни Гаспар.

Тој сподели дека помош при изработката на прирачникот, имале и од родители, кои споделиле лични искуства. Се заблагодари на сите за поддршката.

Богдановски рече дека претходно од родител му било кажано дека е добро што создаваат стручна литература и прават научни истражувања, но дека на поднебјето не постоела стручна литература, насока, како да се снајде еден човек којшто има дете, или близок со пречки во развојот.

Сега, како што беше нагласено на конгресот, овој труд дава јасни насоки за постапување.

Ретките болести, беа меѓу темите на конгресот. Меѓу темите беше и таа за психолошка поддршка на родителите на деца со попреченост, а се говореше и за децата со попреченост во училница.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content