Нов скандал во Судскиот совет: закажаа седница за избор на претседател, им ги затворија вратите на новинарите

33

И денеска избувна скандал во Судскиот совет. Новинарите, снимателите, фоторепортерите и јавноста останаа пред врата оти обезбедувањето добило наредба да не ги пушта да влезат во просториите во кои треба да се направи нов избор на претседател.

Седницата е закажана за 11 часот, но нема информација дали таа се одржува или е прекината. Не се знае ниту што ќе биде со разрешувањето на Весна Дамева од претседателската функција, а со оглед на низата критики од правната фела.

На страницата на Судскиот совет стои соопштение дека ќе има итна седница денеска, време на одржување, но не и одредба дека ќе биде затворена за јавноста.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content