Триесет и четири медицински сестри со завршена висока медицинска школа од Битола поднеле документи за работа во Германија
Триесет и четири медицински сестри со завршена Висока медицинска школа во Битола лани побарале да им бидат преведат наставните планови и програми по кои студирале за ги приложат во здравствените установи во странство каде се вработуваат, претежно во Германија. Меѓу нив имало и медицински кадри дипломирани и пред 15 години, од кои дел не успеале да најдат вработување во земјава.
Ова е само мал дел од вкупната бројка медицински сестри кои заминуваат на работа во странство поради подобри услови, плата, а некои и поради тоа што со години не биле вработени, пишува „СДК.мк“.
Главните причини поради кои дипломираните студенти заминуваат да работат во странство се неможноста за лесно наоаѓање работа тука, тешко се стигнува до работа за медицински лица, а потоа доаѓа и материјалното односно поголемите плати во странство, што не сметам дека е доволен мотив за да нè одвлече во странство.
Земајќи ги во предвид сите услови во кои се наоѓаме, јас сум еден од оние студенти кои искрено ја гледаат својата иднина во Македонија, се надевам дека ќе имам прилика да творам и работам тука, во земјата во која сум се образовал“, вели Христијан Ѓоргиевски, студент од трета година во Високата медицинска школа, претседател на Студентското собрание при Школата.
Дипломите од Високата медицинска школа, која годинава слави 35 години постоење, се признати во Германија и други земји, па за нив таму не е потребна нострификација.
Имаме статус со кој во базата на универзитети во Германија нашата школа е препозната и призната. Дипломата е комплетно призната, а тоа им овозможува дипломираните кадри да го најдат своето место и на европскиот пазар, најмногу во Германија. Сè почесто ги преведуваме тие наставни програми, сѐ повеќе се присутни такви барања од дипломирани студенти за да можат да ги проложат документите во институциите во странство каде се вработуваат“, вели проф. д-р Тања Јовановска, директорка на Високата медицинска школа.