Величенствена глетка, над 250 дечиња во еден глас извикуваа “Христо воскресе, навистина воскресе” (Фото галерија)

33

Во црквата Св. Петка во Прилеп, оваа година покрај полноќната воскресенска богослужба и Божествената Литургија која се отслужи после полноќ, ЗА ПРВПАТ се отслужи Божествена Литургија и утрово, на ПРВ ДЕН Велигден.

Ова со цел сите оние верни прилепчани, кои не можеле да присуствуваат на полноќната Литургија, особено дечињата, и тие да ја почувствуваат воскресенската радост со присуство на Божествена Литургија и соединувајќи се преку причесната со Христа воскреснатиот!

Литургијата предизвика огромен интерес кај верниците кои ги донесоа и најмалите, па така над 250 дечиња во еден глас извикуваа: “Христос воскресе, навистина воскресе”.

Свештеникот кога затана пред нив и им го проповедаше словото за воскресението на нашиот Господ и Спасител, младенците со големо внимание го слушаа и учествуваа, духовно јадејќи од спасоносното слово. За прв пат во нашиот град се случи оваа торжествена тајна, на Царството Небесно преку молитвите на децата, Господ да благослови сите да го почувствуваме делчето од духовниот Рај, нашата вечна татковина. И на крајот се причестија сите над 250 деца. Овој настан е пример за тоа како црквата внимателно и со љубов преку благодатта и застапништвото на Светиот Дух, го полага во душите наши уште од најмала возраст духот на вистината, на премудроста и на спасението.

-Исус рече: „Оставете ги децата и не пречете им да одаѓаат при Мене, зашто на такви е царството небесно“(Матеј 19, 14).
И навистина, на овој најголем ден, Празникот над прзниците, децата дојдоа при Него, во домот на Воскреснатиот, во голем број, стотици, како никогаш досега. Прекрасна глетка! Небаре возрасни, внимаваа на богослужбата и, повеќето од нив, во хор, ја рецитираа Господовата молитва „Оче наш“ за на крајот на божествената Литургија во Светата Тајна Евхаристија, преку причесната, се соединат со Воскреснатиот. Досега најубава Велигденска Литургија! На крајот на богослужбата се причестија околу 300 верници од кои околу 250 деца! Храмот не памети во олкав број присутни и причесници на богослужба досега. Величенствена глетка! Се надеваме дека догодина ќе го повториме овој торжествен настан
 – напишаа од црковниот храм Св. Петка.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content