Новинарката на „Слободен печат“ Мирослава Симоновска попладнево лично разговараше со младиот Игор Пехчевски кој уште денеска ќе остане на терапија во Универзитетската клиника за детски болести, но не со „трикафта“ како што е редот за болните од цистична фиброза, туку според неговите наоди и сведочењето, прима инфузии и некои други лекови.
Неговото отпуштање утре го потврди и самата директорка, проф. д-р Стојка Нацева Фуштиќ нагласувајќи во соопштението дека Игор е во стабилна здравствена состојба и со умерено засегната белодробна функција. Таа препорачува дека со спроведување на препишаните терапии и редовна физикална терапија, може да се одржува стабилен.
-Како што гледате, овде е канилата примам инфузија околу 10тина дена. Нашата терапија трае по 14 дена. Ја прочитав изјавата на директорката Фуштиќ дека мојата состојба е стабилна, и тоа не е точно. Игор Пехчевски не е стабилен, Игор има многу лоша здравствена состојба и многу лоша рентгенска слика. Еве ја отпусната листа каде убаво се гледа дека треба да бидам испишан на 18 април, а не како што вели докторката утре. Тоа нема да се случи. Ја зборувам вистината пред целата македонска јавност, со гордо исправено лице и мора да го добиеме лекот трикафта, не смееме да чекаме да дојдеме до лошата терминална фаза каде имаме пациенти за кои не знаеме дали ќе им влијае лекот, вели Пехчевски за „Слободен печат“.
Тој додава дека има бактерија МРСА и претходно лекарите од Пулмологија му рекле дека треба да биде хоспитализиран на секои три месеци за да се искорени оваа бактерија. Тој страда и од панкреатитис поради што пие по 7 капсули дневно со секој оброк.
Интервјуто и целиот текст можете да го погледнете тука.