Претседателот на Србија Александар Вучиќ во вчерашното интервју за „РТС“ ја искоментира најновата група која ја формираше Бујар Османи наречена „КВАД“ и во која покрај Македонија влегоа и Косово, Албанија и Црна Гора.
Тоа е за да покажат 100 проценти поддршка на одлуките на ЕУ.Можеа да стават слоган „100 посто не сме свои, сите други одлучуваат во наше име“. Не знам што ќе им се министерства за надворешни работи, можеа да најдат некој што ќе го преземе мејлот кога во Брисел ќе донесат некоја одлука и ќе кажат еве тоа е и наша одлука бидејќи ниту една поинаква одлука немаат донесено-изјави претседателот.