Велигден година е на 16 април, па така како и секоја година, неработни ќе бидат 4 дена околу овој празник, во кои е вклучен и еден викенд.
Нема да се работи 14 април кога е Велики Петок, а по викендот неработен ќе биде и вториот ден на Велигден, односно 17 април, понеделник.
Во овој месец неработен за сите граѓани е и 21 април кога се празнува Рамазан Бајрам – се паѓа во петок што значи дека ќе имаме убав полетен продолжен викенд.
Во мај уште на почетокот на месецот имаме продолжен викенд. 1 Мај се паѓа во понеделник, што значи дека заедно со викендот ќе имаме добра можност да испланираме некое патување.
Во јуни граѓаните од православна вероисповед имаат еден неработен ден а тоа е 2 јуни, кога се одбележува Духовден. Неработниот ден е во петок, што значи дека ќе има можност за уште еден продолжен викенд.
Вториот неработен ден во август ќе ни донесе и продолжен викенд бидејќи Голема Богородица се паѓа на 28 август, во понеделник што значи дека тоа ќе биде уште еден продолжен викенд.
Во септември имаме уште една добра можност за некој краток одмор на крајот од летото бидејќи 8 Септември, Денот на независноста се паѓа во петок.
Вториот неработен ден во октомври е нова можност за продолжен викенд, бидејќи Денот на ВМРО се паѓа на 23 октомври, понеделник.
Во декември неработен е 8 декември, петок, Денот на Св. Климент Охридски, што е нова можност за продолжен викенд.
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:
За сите граѓани на РСМ
• 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
• 21 април (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 1 мај (понеделник), Ден на трудот
• 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
• 2 август (среда), Ден на Републиката,
• 8 септември (петок), Ден на независноста,
• 11 октомври (среда), Ден на народното востание,
• 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба
• 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од православна вероисповед
• 14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
• 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 2 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
• 10 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 1 ноември (среда), Празникот на сите светци,
• 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 28 јуни (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,
За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ
• 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука,
За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ
• 8 април (сабота), Меѓународен ден на Ромите,
За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ
• 23 мај (вторник), Национален ден на Власите,
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ
• 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ
• 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците,
За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ
• 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.