Да се запре! Веднаш, додека не стане предоцна

41

Развојот на вештачката интелигенција оди премногу брзо, луѓето ја создаваат и усовршуваат пред се за потреби на воената индустрија и економијата но, доцнат зад развојот кој сами го создаваат и, наскоро, е сосема можно таа да функцинира сама за себе, надвор од контролата на луѓето – предупредуваат врвни научници.

Суспендирањето на развојот на напредни системи за вештачка интелигенција ширум светот и строго казнување на оние кои ја прекршуваат забраната е единствениот начин да се спаси човештвото од исчезнување, предупреди истакнат експерт од областа на вештачката интелигенција.

Елизер Јудковски, еден од основачите на Институтот за истражување на вештачка интелигенција МИРИ, во авторски текст за „Тајм“ под наслов „Не е доволна пауза во развојот на вештачката интелигенција. Мора сето тоа да го затвориме“, причините зошто тој не се приклучи на петицијата на група светски експерти од областа на вештачката интелигенција, меѓу кои и Илон Маск, која бара шестмесечен мораториум за развој на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4.

Јудковски смета дека ограничениот мораториум не е доволен за решавање на проблемите кои произлегуваат од брзиот и неконтролиран развој на вештачката интелигенција, туку дека мора да се преземат уште подрастични мерки – неограничен и светски мораториум наместо пауза.

Најверојатниот исход од создавањето на натчовечки интелигентна вештачка интелигенција, под какви било околности што дури и оддалеку наликуваат на сегашните, е дека буквално се на Земјата ќе биде уништено“, смета Јудковски.

Според него, човештвото сè уште не е подготвено да се справи со суперинтелигенција која е помоќна од GPT-4, бидејќи за контрола се потребни понапредни технологии.

Доволно интелигентната вештачка интелигенција нема долго да остане ограничена на компјутери“, напиша меѓу другото Јудковски.

Тој тврди дека веќе е возможно да се испратат секвенци на ДНК до лабораториите преку е-пошта, што би можело да и овозможи на вештачката интелигенција да „изградува вештачки форми на живот или директно да се вклучи во пост-биолошко молекуларно производство“.

Јудковски апелира веднаш да се воведе неограничен и светски мораториум на развојот на вештачката интелигенција.

„Не може да има исклучоци, вклучително и влади или армии“, нагласи тој.

Да потсетиме, во отвореното писмо, објавено на веб-страницата „futureoflife“, технолошките лидери во областа на вештачката интелигенција побараа мораториум на истражувањето додека не се воспостави безбедносен систем, вклучително и специјални регулаторни тела за надзор на системите за вештачка интелигенција. и техники кои ќе помогнат да се разликува реалното од вештачкото, како и институции способни да управуваат со „драматичните економски и политички нарушувања (особено за демократијата) што ќе ги предизвика вештачката интелигенција“.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content