Од оние категории што се комплетно завршени и обработени на Европскиот куп „Србија опен“ во Белград македонските кикбоксери освоија златен и сребрен медал.
Златениот медал го освои Марија Димовска, а сребрениот Исмаил Туркер.
Но денеска, на завршниот се очекува жетва на медали, бидејќи многу наши кикбоксери беа во полуфиналето, а некои се пласираа и во финалето.
На турнирот настапуваат 450 кикбоксери со 567 натпреварувачки влезови од 101 клуб од 16 држави, при што македонската експедиција брои 90 натпреварувачи.
Резултати:
+ 60 кг, лоу кик, млади јуниори
Марија Димовска – златен
-54 кг, К1, млади јуниори
Исмаил Туркер – сребрен.