Во режија на Ковачевски и Груби 4 експерти од надзорот за 1 месец наплатиле 900.000 евра

40

орупција видлива од авион, во режија на Ковачевски и Груби 4 експерти од надзорот за 1 месец наплатиле 900.000 евра. Четири експерти на Конзорциумот воден од ИРД наплатиле 900.000 евра за 1 месец преговарање со изведувачот. Останатите 300.000 евра ќе ги наплатат до крајот на изведбата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека со договорот кој го застапуваа Ковачевски и Груби секој од овие 4 преговарачи поединечно наплатил 225.000 евра за 1 месец работа.

-Владата мора да одговори зошто во тендерот за надзор го вклопила и тендерот за правен трансакциски советник, но и зошто воопшто им се бара правен трансакциски советник, кој би го подготвувал договорот, кога владата има служби и институции кои можеле тоа да го направат?

Која е оправданоста 4 лица за еден месец работа да земат 225.000 евра поединечно?

И медиумите и граѓаните и сите општествени чинители гледаат коруптивност во џдоговорот со надзорот, само ЈО и ДКСК со денови молчат.

ЈО не треба да чека, туку веднаш да отвори постапка. Зошто непостапувањето е еднакво на соучесништво, а еден ден ќе треба да одговорат зошто не постапиле, но и да одговараат за тоа, се вели во партиското соопштение.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content