Утре ќе „замрзнат“ цените на јајцата и на оризот

38

Mинистерот за економија Крешник Бектеши најави дека утре ќе се „замрзнат“ цените на оризот и на јајцата. Кај шеќерот и брашното ќе нема да се интервенира со мерката, бидејќи цените на тие производи се намалени, тренд што се очекува да продолжи, рече тој на денешната прес-конференција.

Според него, цените на јајцата во земјава се најниски во однос на другите земји од регионот во моментот, а поскапување поради претстојните празници нема да се дозволи.

„Очекуваке цените на шекерот и брашното сами да паѓаат, а и веќе бележат намалување, но ако тоа не се случи од страна на трговците, до крајот на оваа или почетокот на идната недела ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи“, истакна Бектеши.

Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и на млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш, согласно владините одлуки, се укина и субвенционираната струја за компаниите од прехранбената индустрија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content