Паднаа првите казни за непочитување на одлуката – замрзнати цени на одделни производи. 4 субјекти не ги намалиле цените на тестенитени и млечните производи за 15, односно 10 отсто, па сега ќе треба да платат вкупно 18. 200 евра. Државниот инспекторат направил 250 надзори низ цела Македонија, владината одлука во најголем дел се почитува, а оние кои не ги поевтиниле продуктите ќе си сносат одговорност.
Казните се движат од 800 до 10,000 евра. зависно од големината на субјектот, велат од Пазарна. Во меѓувреме, Владата ги разгледа и извештаите од Министерството за економија за следни производи кои ќе бидат замрзнати.
Сител дознава дека од понеделник пониски цени ќе има за јајцата, шеќерот и оризот. Вицепремиерот Битиќи не ја исклучува можноста да поевтинат и зеленчукот и овошјето.
Владата донесе одлука да се замрзнат цените на шпагетите и макароните, млекото и млечните производи откако им даде субвенционирана струја на производителите, а за возврат бараше да ги намалат цените. Евтина струја добија, но цените не ги променија. Сега се крои нов пакет. Сите производители кои доброволно ќе ги намалат цените, од април ќе добијат помош од државата.