Црвениот крст одбележува 78 години од основањето и 28 години од полноправно членство во Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина.
Како што информираат од Црвениот крст, во текот на годината планираат да одржат бројни настани со кои ќе ја одбележат годишнината.
Централниот настан ќе се одржи денеска во Скопје, каде се очекува да присуствуваат генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија Саит Саити и министерот за здравство Фатмир Меџити.