Зошто 153 милиони евра не се наплатени, а 492 милиони евра отпишани од Министерство за животна средина
Во Буџетот на Министерството за животна средина не се наплатени 153 милиони евра од носителите на А-интегрирана дозвола, а 492 милиони евра се отпишани како застарени.
Ова го открива новата министерка за животна средина Каја Шукова.
„Евидентиран е недостаток со Извештајот на Државниот завод за ревизија, правиме напори да го надминеме за да немаме вакви состојби и во иднина, а тоа значи дека ќе направиме контрола прво на сите издадени решенија, на сите што треба да се издадат, особено во однос на А-интегрираните дозволи. Во однос на надоместоците преземаме сериозна акција за да се воспостави еден систем на контрола. Најверојатно ќе биде некое софтверско решение во кое точно ќе знаеме влез и излез, направено и ненаправено за да можеме да знаеме кој правилно работи, а кој греши, изјави таа за Топ тема на Телма.
Во МЖСПП, како што рече Шукова, направена е група која ќе ги издвои сите надоместоци за животна средина на едно место, ќе ги евидентира и ќе најде механизам за проверка дали надоместоците се соодветно платени во централниот буџет.