Од утре замрзнати цени и на тестенините и млечните производи

36

Цените на макароните и шпагетите се очекува да паднат за над 10 отсто, додека за млечните производи Бектеши рече дека ќе остават производителите да се подготват зошто некои и сами веќе ги намалуваат производите.

По лебот, замрзнати цени од утре ќе има и на тестенините и млечните производи, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, кој рече дека најдоцна до утре наутро Владата ќе донесе одлука.

„Граѓаните да бидат спокојни, цените ќе бидат намалени не само на овие производи, ние во континуитет ќе продолжиме со сите производи каде што ќе покажат анализите дека има поголеми профити или маржи од она што е редовно“,

рече Бектеши.

Според него, цените на макароните и шпагетите ќе бидат намалени и за над 10 отсто, а во делот на млечните производи рече дека ќе остават на производителите до утре да се подготват зашто, како што нагласи, некои веќе и самите ги намалуваат.

На новинарско прашање на кои млечни производи ќе бидат замрзнати цените, тој како пример ги посочи белото сирење, млекото, урдата… Како што рече, ќе бидат опфатени истите производи кои беа и во владината одлука за ограничување на маржите.

Ако се погледне одлуката, од млечни производи таа ги опфаќа: трајното кравјо млеко со масленост од 2,8 %, 3,2 % и 3,5 %; урдата; кравјото бело сирење и мешаното бело сирење; кашкавалот; киселото млеко; павлаката и јогуртот.

Ова ќе биде второ замрзнување на цени на производи откако минатата недела ист чекор Владата презеде и за белиот и полубелиот леб од 450 грама чија цена ја замрзна на 33 денари.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content