Николоски: Во Брисел ќе алармирам дека состојбата во Македонија е далеку од розева, криминалот цвета, а економијата тоне
„Советот главната улога би ја имал кога ќе почнат преговорите за членство со ЕУ. Македонија за жал ги нема почнато преговорите за членство со ЕУ иако тоа долг временски период власта го најавува“, истакна Александар Николоски, претседател на Национален совет за евроинтеграции и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за дневникот на Алфа телевизија.
Николоски додаде дека власта веќе долг период вели на граѓаните дека Македонија само што не започнала преговори со ЕУ, но тоа никако да се случи.
„Идејата е да се гради консензус за клучните политички прашања кога Македонија ќе ги почне преговорите затоа што ќе отвораат бројни политички прашања за кои што е потребно да има консензус во општеството“, заклучи Николоски.
Тој посочи дека на следниот состанок во Брисел ќе ги информира таму за состојбата во Македонија која што е далеку од розева, бидејќи криминалот цвета, а еконимјата тоне.
„Ќе присуствува премиерката на Естонија, неколку ваши колеги новинари кои што имаат добиено Пулицерова награда, понатака претставници на бизнис секторот, пратеници, министри од различни земји од Европа. Ќе дискутираме за иднината на Европа и таму јас ќе ја претставам состојбата која што е во Македонија. За жал состојбата е далеку од розева. Во еден збор криминалот цвета, економијата тоне. Така што ќе е добра можност да поразговараме во следните три дена“, рече тој.