Битолска млекара ги намали цените на најпродаваните млечни производи

68

Битолска млекара минатата недела донесе одлука за намалување на цените на најчесто купуваните млека и јогурти од својата производна програма, за што веќе е испратено известување до малопродажната мрежа.

Намалени се цените на најпродаваните производи од портфолиото на компанијата, и тоа Битолски јогурт 2,8% 1000 грама, Баланс+ 1000 грама, УХТ Битолско млеко 2,8% 1 литар и УХТ Битолско млеко 2,8% со 10 витамини 1 литар.

– Свесни сме за падот на потрошувачката моќ на граѓаните и со оваа одлука излегуваме во пресрет на потребите на нашите потрошувачи. Како лидер на пазарот, Битолска млекара е одговорна компанија и ова намалување на цените ги опфаќа токму најпродаваните млечни производи за да се постигне ефектот на намалени цени кај населението. Иако цената на основната суровина, суровото млеко, бележи значителен раст во однос на истиот период минатата година, ова намалување во моментов е одлука да се помогне на нашите лојални потрошувачи – велат од Битолска млекара.

Од таму потенцираат дека продолжува процесот на вложување во производството, задржување висок квалитет на производите и дека и во иднина ќе се следат цените на производствените трошоци и можностите и потребите за корекција на цени.

Новите цени треба да се истакнати и во малопродажната мрежа низ државата и истите се очекува да се спроведат во текот на следните денови, по дотрошување на старата залиха на производи.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content