Колку Ковачевски се грижи и бори за жените и женските права. македонската јавност можеше да се увери во Собрание кога на јавна седница навреди пратеничка, соопштија од ВМРО ДПМНЕ по Осмомартовскиот марш кој СДСМ го организираше во Прилеп.
„Ковачевски едно зборува кога станува збор за жените во Македонија, а друго применува. Колку Ковачевски се грижи и бори за жените и женските права македонската јавност можеше да се увери во Собрание кога на јавна седница навреди пратеничка.Да биде уште полошо, за Ковачевски таа навреда е нормална и се уште нема доблест јавно да се извини да си ја признае грешката, туку дрско користеше празник за да каже дека бил погрешно разбран.И наместо да се извини тој глумеше дека е жртва и го злоупотреби своето семејство. Додека лаже на јавно собири, тој се уште се нема извинето за покажаниот шовинизам пред целата јавност“,соопштија од ВМРО ДПМНЕ.