Владата донесе одлука со која ги приморува пекарите да произведуваат леб

52

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук профил ја објави одлуката со која производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена.

„НОВА ОДЛУКА ЗА ЦЕЛОСНА ЗАШТИТА НА ГРАЃАНИТЕ! Секој ПРОИЗВОД ќе го има, и тоа со ФЕР цени.“, напиша Бектеши.

Во одлуката стои:

„Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед, со која производителите на леб ќе имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството на овој леб во месец декември 2022 година. Трговците на мало кои продаваат леб, имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да имаат најмалку 80 отсто од лебот со замрзнатата цена“, се наведува меѓу другото во текстот на одлуката што денеска е донесена и објавена во Службен весник.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content