Мотото на 26-то издание на FWSK е „Јазикот на етиката и дизајнот“, локацијата ќе биде Ист гејт мол, а календарски настанот се спојува со Деновите на италијанскиот дизајн, при што ова издание е во тесна соработка со Италијанската амбасада во Скопје и Италијанската агенција за трговија ITA.
Модниот викенд годинава прави спој на возбудата и гламурот кои ќе го донесат италијанските славни брендови во Скопје со ревиите на ARMANI, LIU JO, PATRIZIA PEPE, TWINSET, SIGMA JEWLERY, DAN JOHN, ERREA, LEMARE, TOSCA BLU, BARK SHOES, FRATELLI BOVO, DANIELA COARO, UTOPIA, SERGIO ROSSI, TRUSSARDI, KIKO MILANO…
Но и на домашните дизајнерски сили на модната сцена: „Hope this feels familiar“ е соработка помеѓу модната дизајнерка Теодора Митровска и визуелниот уметник Душан Стефановски, потоа модна ревија на студентите на Интернационалниот институт за мода Изет Цури, ќе биде претставена колекцијата „Goddess” на EMIRA YMERI, свое претставување ќе има и YAMUNA SHOW со уникатна колекција на марами – powered by IQOS.
Најавен е и цел блок посветен на THE BRIDAL FASHION со колекции на „Ал Апарел” на Наташа Карчева, SIGMA Jewelry, VLORA & KALTRINA и FA-BU на Јагода Пачемска.
Програмата во трите денови ќе ги претстави најважните аспекти на овој проект, пред сѐ развојот на авторскиот моден дизајн на кој FWSK е посветен од самите почетоци и за кој низ овие 26 години дал непроценлив придонес. Бројни дизајнери, преку оваа смотра започнаа, растеа и се формираа до препознавање дома и надвор.
Активизмот на FWSK, низ бројни општествено одговорни проекти најмногу поврзани со циркуларната мода, со години наназад го врти вниманието кон одредени проблеми во нашето опкружение и иницира начини да се приближиме кон решавањето на истите.
Оттука, годинава се планирани панел дискусии:
“SMALL BUT PERFECT: THE ENERGY OF DESIGN FOR PEOPLE AND THE ENVIRONMENT” на кој ќе говорат истакнати дизајнери, екпсерти и истражувачи, а модератор ќе биде Гордана Вренцовска, универзитетска професорка, уметник и дизајнер.
Ќе има презентација на ‚‚3D и модна индустрија” – инфо ден на Текстилното трговско здружение – Текстилен кластер и Македонското модно здружение со дигитална модна ревија на Искра Џокиќ Кецап.
Планирани се неколку необични локации низ Ист гејт мол, кои за прв пат ќе се претворат во сцена за дебати, перформанси и ревии, со што мотото на деновите на италијанскиот дизајн „Тhe quality that illuminates: the energy of design for people and the environment-La qualità che illumina: l’energia del design per le persone e l’ambiente” ќе биде оправдано.
Низ бројки, изминатите години на Модниот викенд Скопје изгледаа вака: реализирани се 303 модни ревиии, истите ги следеле преку 100.000 гледачи, се претставиле околу 50 самостојни дизајнери и 42 модни брендови и странски гости, организирани се 27 општествено одговорни настани, моделите ги носеле над 3.000 манекени, во организацијата биле вклучени над 500 луѓе и сѐ се одржувало на 50 типични и нетипични локации.