Почнуваат карневалските свечености во Прилеп, в недела е главното дефиле со 500 учесници

44

Карневалските свечености по 21-пат ќе започнат денеска напладне во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ со отворањето на традиционалната изложба на маски на учениците од основните и од средните училишта во Прилеп. За време на карневалскиот викенд градот подготви голема забава и за учесниците и за гостите.

Како што објаснува Снежана Ристеска, советник за култура во општина Прилеп, овие денови во градот ќе бидат во знакот на карневалот, маскирањето, умешноста во изработката на маски и големата забава со придружни занимливости.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content