Еднаш кога ќе го пробате со сигурност ќе ви стане омилениот десерт. Овој чоколаден мус можете да го консумирате дури и кога сте на диета. Тој има 254 калории и може да замени еден ваш оброк.
Состојки:
– 200 мл незасладено млеко од бадеми (може да користите и млеко од ванила или обично со малку масти)
– 3,4 коцки мраз
– половина зрело авокадо
– 1 лажица какао
– малку цимет и стевија
Подготовка:
Помешајте ги сите состојки во миксер (блендер) околу две минути, односно додека не добиете хомогена смеса.
Послужете веднаш во висока чаша или чинија.
Совет:
Доколку сакате вашиот мус да биде похранлив збогатете го со 1 лажица протеинска чоколада во прав и малку мелени ореви или бадеми.