СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Пендаровски не знае или така му чини: Последната македонска делегација во „Прохор Пчински“ ја предводел Вељановски во 2009 година

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски упати благодарност до пријателите од Србија за гестот делегација од Македонија предводена од претседателот Стево Пендаровски да го чествува Илинден во манастирот „Свети Прохор Пчински“, кој се наоѓа на самата македонско-српска граница.

Сепак, Вељановски забележува на информацијата што беше објавена од Кабинетот на Пендаровски, а и самиот тој ја повтори дека македонска делегација последен пат го празнувала Илинден во манастирот пред 18 години.

Исто така, вели Вељановски во својата објава, таблата која денеска беше претставена како дипломатско достигнување ниту е оригиналната табла, ниту таа е на местото на кое треба да стои.

▶️ Им благодариме на пријателите од Србија за денешниот гест со посетата на Претседателот Стево Пендаровски на манастирот Свети Прохор Пчињски.
🧭 Сепак, Претседателот на #Македонија🇲🇰 бил должен да знае дека последен пат на ова историско место бил Претседателот на Собранието Трајко Велјаноски во 2009 година, а не така како што беше кажано!
🔎 Освен тоа, протоколот на нашата држава наместо да прикажува нереални дипломатски достигнувања и наводни несекојдневни успеси, требало да биде информиран дека таблата пред која денеес се поклонија преставниците на нашата држава, ниту е оригиналната табла, ниту таа е на местото на кое треба да стои!!!
▶️ Македонија поминала многу премрежија! Ќе го поминеме заедно и ова!
🥇 Честит Илинден Македонијо!

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content