(ФОТО) Скандалозен пропуст на ФИБА, не именуваа – „Северна Македонија Косово“

50

Противник беше  селекцијата на Косово, но тоа што го привлече вниманието на јавноста е огромниот превид на организаторите кои нашата држава ја именуваа – Северна Македонија Косово.

Цело полувреме младите (под 20 години) македонски репрезентативци на Youtube каналот на ФИБА беа потпишани како „Северна Македонија Косово“, а наместо официјалната кратенка МКД играа под ознака МДК. Тие играа и победија против Косово.

Грешката на преносот траеше цело полувреме додека не беше сменето пред да стартуваат вторите 20 минути.

Нема официјално објаснување зошто се случила таква огромна грешка и дали е реагирано за да се сменат ознаките.

Македонија успеа да дојде до втората победа во групата и го порази Косово со 85:67.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content