Томе Јосифоски, IJF континентален судија актуелен претседател на судиската комисија при ЏФСМ и М-р Дејан Мицкоски, лиценциран тренер и член на стручниот совет при ЏФСМ, во улогата на предавачи ќе ги споделат со своите колеги тренери и судии сите промени кои беа претставени на семинарот за судии и тренери одржан во Лисабон, Португалија.
Покрај за едукација, семинарот ќе се искористи и за обновување на лиценци за џудо судии за тековната 2022 година за сите судии кои не беа во можност да присуствуваат на семинарот во одржан во Прилеп на 13.02.2022.
Семинарот ќе се одржи во просториите на училишниот дом „Орде Чопела“ на ул Самоилова 41, со техничка организација на Џудо клуб Сеишин од Прилеп.