Божиновска: Министерство за енергетика гради сигурна, модерна и европска енергетска иднина за Македонија
Во изминатата година Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини реализираше една од најобемните реформски и инвестициски агенди во областа на енергетиката, рударството и управувањето со природните ресурси, поставувајќи цврсти темели за поголема енергетска сигурност, економски развој и подобар животен стандард на граѓаните.
Во периодот јуни 2025 – јуни 2026 година Министерството работеше на повеќе од 700 домашни и меѓународни активности, средби и настани, при што паралелно се спроведуваа крупни законски реформи, стратешки инфраструктурни проекти и политики за зелена и праведна енергетска транзиција.
„Ова беше година на резултати. Година во која создадовме нови закони, започнавме историски инфраструктурни проекти, обезбедивме значајна меѓународна поддршка и воведовме ред, план и транспарентност во секторите кои се од суштинско значење за развојот на државата“, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.
Еден од најзначајните резултати е донесувањето на новиот Закон за енергетика, целосно усогласен со европското законодавство и позитивно оценет од Енергетската заедница. Истовремено, усвоен е Интегрираниот национален план за енергија и клима 2025-2030, со кој се предвидени 61 конкретна мерка за декарбонизација и енергетска транзиција.
Паралелно се работеше на новите законски решенија за обновливи извори на енергија, рударство, геологија и јавно-приватни партнерства, со цел создавање современа и предвидлива регулаторна рамка за граѓаните и инвеститорите.
Реформски напредок (2024 vs 2025/2026):
– Пазари и пазарна интеграција: Рaст од 54% на 61%.
– Сигурност во снабдување: Рaст од 21% на 41%.
Во областа на нафтата и природниот гас беа реализирани значајни активности за зголемување на енергетската безбедност на државата.
По 13 години повторно беше ставен во функција продуктоводот Солун-Скопје, започна изградбата на гасната интерконекција со Грција, објавен е тендер за интерконекцијата со Србија, а Македонија стана дел од регионалниот проект „Вертикален коридор“. Изработена е и национална Проценка на ризик во снабдувањето со гас согласно европската регулатива.
Министерството воспостави нов модел на планирање на инвестициите преку Годишните планови за изградба на енергетски објекти за 2025 и 2026 година.
Само за Планот за 2027 година до Министерството пристигнаа повеќе од 800 иницијативи од приватни и државни инвеститори. Воспоставен е ГИС систем за дигитализација на постапките за ветерна енергија, исплатени се над 50 милиони денари поддршка за производство на енергија од обновливи извори, а батериските системи за складирање на енергија станаа столб на новата енергетска политика.
– Воспоставена обврска за батериски системи за складирање на енергија.
– Подобра интеграција на соларни и ветерни електрани.
– Поголема сигурност на електроенергетскиот систем.
– Намалување на загубите и балансирачките трошоци.
– Поддршка на енергетската транзиција и декарбонизацијата.
