„Работилница за мозаик“ во ЦК „Марко Цепенков“-Прилеп завршува денеска

Од 17-ти до 19 -ти јуни 2026 година ( три дена – среда, четврток и петок), ЦК „Марко Цепенков“ по втор пат ќе ја реализира „Работилница за мозаик“ за млади. На работилницата ќе учествуваат 15 талентирани ученици од општинските училишта. Проектот „Работилница за мозаик“, Центарот за култура го реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам.

-Како искуство и позитивен исход од првата релизирана работилница во 2025 година решивме да го продолжиме проектот по втор пат, и со тоа да ја поттикнеме мотивацијата, креацијата и желбата кај младите за изучување на оваа дисциплина во ликовната уметност. Интересот за учество на учениците беше голем, и се одлучивме на работилницата да учествуваат 15 млади. Практично младите ќе научат како се создава мозаик. Предавач повторно е м-р Александра Димитрова – вели Марјан Стојаноски, координатор на проектот.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content