Со блокирање на патниот правец Прилеп-Градско земјоделците ги искажаа своите барања до Владата. Земјоделците од Пелагонија, Радовишко и Тиквешијата, протестираа цели 2 часа со блокада на регионалниот пат Прилеп – Градско. Како што истакнуваат ова е предупредувачки протест, а доколку нивните барања не бидат испочитувани од надлежните ќе следи и генерален земјоделски штрајк. Исто така бараат надлежните институции да остварат средби со претставници од земјоделските здруженија, се со цел за да ги слушнат нивните предлози и конкретни барања.
Бараат надлежните да остварат средби со претставници од земјоделските здруженија, да ги слушнат нивните предлози и барања:
- Мерката ЗЕЛЕНА НАФТА да важи за сите земјоделски гранки и да биде 100% ослободена од акциза и ДДВ, како и промена на досегашната методологија со нова во која исплатата ќе биде во литар по единица површина.
Важноста на мерката да почне веднаш. - Итно процентуално зголемување на субвенциите во сите земјоделски гранки со процентуалното зголемување на трошоците за живот и процентуалното зголемување на минималната плата и нивна исплата пред почетокот на секоја производна сезона.
- Субвенционирање на вештачките ѓубрива во сите земјоделски гранки и укинување на ДДВ за сите вештачки ѓубрива и хемиски препарати кои се користат во земјоделството.
- Субвенционирање на придонесите на сите регистрирани земјоделци во државата.
- Ослободување од концесија на државно земјиште, пашарина, наводнување и одводнување за 2022 година.
- Изготвување на анализи за производна цена на секој земјоделски производ како и гаранција од државата за минимална заработка на производителите од најмалку 30% од производната цена на производите како и гарантирање на исплатата од страна на трговците (банкарска гаранција)
- Покрај традиционалните, ИТНО изнаоѓање на алтернативни пазари за сите земјоделски култури.