Бараме до петок да се одржи таква средба и да ни бидат исплатени заостанатите субвенции. Доколку тоа не се случи, после идниот понеделник, ќе излеземе на протест, дециден беше Јошев на прес – конференција.
Тој појасни дека сакаат одговори од винарските визби колку грозје планираат да откупат оваа година, по која шеќерност, цени и услови за плаќање.
Јошев повика да се решаваат континуирано проблемите на земјоделците. Да се обештетат за временските непогоди, мрзнење и суша.
Делуваме организирано сите земјоделци и затоа ние утре ќе дадеме поддршка на протестот на оризопроизводителите, најави Јошев на прес – конференцијата во Кавадарци.