Во вториот круг ќе се гласа во 44 општини

30

ДИК ги објави конечните резултати за локалните избори, во вториот круг што ќе се одржи на 31 октомври ќе се гласа во 44 општини. Гласањето ќе се повтори во Маврово-Ростуше и Центар Жупа, бидејќи не е исполнет законскиот цензус, односно на гласањето не излегла наjмалку една третина од запишаните гласачи, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

На локалните избори одржани на 17 октомври, беа избрани градоначалници во вкупно 32 општини, а конечните резултати за советите во Општините и Градот Скопје, ќе бидат објавени во текот на денот, најавија од државната комисија.

 

Даштевски исто така посочи дека се очекува да бидат надминати проблемите со апартите за отпечатоци од прст, што ги имаше во првиот круг од изборите.

Болните и немоќните лица, кои сакаат да гласаат на вториот круг на изборите, можат да се пријават во општинските изборни комисии до вечерва на полноќ, а правото на глас во своите домови исто така можат да го искажат и болните и немоќните кои беа веќе пријавени во првиот круг од гласањето, додека пак, рокот за пријавување за гласање во вториот круг на изборите на лицата болни од ковид-19 и во изолација истекува на 25 октомври.

Болните и немоќните лица, лицата заболени од ковид-19, оние кои се во изолација, лицата во притвор, лицата во старските домови како и затворениците, гласаат еден ден пред изборите, односно на 30 октомври.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content