СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Бројни љубители на трчањето учествуваа на трката „Трчај бе”

Вкупно 450 учесници, меѓу кои имаше бројни рекреативци и активни атлетичари и атлетикарки од Битола, земјата и од странство, се натпреваруваа на третата по ред улична трка „Трчај бе“, која вчера се одржа во Битола.

Во трката за Балканското првенство, на 21 километар, во машка конкуренција победи Илие Александар Корнеши од Романија. На второто место се пласира Ахмед Алканоглу од Турција, додека на третата позиција заврши македонскиот претставник Дарио Ивановски.

Во истата дициплина во женска конкуренција победи Маринела Нинева од Бугарија, втора беше Лилјана Марија-Драгомир од Романија, а на третото место се пласира Неја Кршинар од Словенија.

На 10 километри во машка конкуренција победи Димитар Петровски, втор беше Кристијан Стојани, а трет Трајче Илијевски. Во женска конуренција победи Билјана Кираџиева, втора беше Душица Јанковиќ, а на трето место се спласира Марина
Домазетовска.

На трката на пет киломтри, во машка конкуренција победи Пепи Анакијев, втор беше Христијан Наумовски, а на третото место се пласира Михаел Ван Баелен. Во женска конкуренција првото место го освои Милена Чкрипеска, втора беше Цеца Србова,а на трето место се пласира Маре Чкрипеска.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content