СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Google Workspace сега е бесплатен за сите корисници

Некои производи на Google веќе извесно време се поделени помеѓу стандардните корисници и оние кои работат во деловните средини. Една од нив е и Google Workspace (порано познат како G Suite), кој им беше достапен само за оние со enterprise профил. Тоа е променето затоа што Google објави дека Workspace сега ќе биде достапен за сите корисници.

Ова значи дека сите функции што претходно биле заклучени зад enterprise профилот ќе им бидат достапни на сите што имаат сметка на Google. Останува да видиме колку ова ќе им биде од важност на корисниците. Во најголем дел, софтверот и услугите на Google, како што се Drive, Docs, Sheets, Meet и други, веќе беа достапни за корисниците, без оглед дали тие имале стандарден или enterprise пристап.

Секако, ова не значи дека Google се откажува од своите планови за деловни / enterprise корисници. Компанијата и натаму работи на тоа да биде корисна за компаниите, за што сведочи и најавата за Google Workspace Individual услугата, која доаѓа со некои ексклузивни функции и е наменета за сопствениците на мали бизниси.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content