Одиграл повеќе улоги, а најпознат ќе остане по улогата на Итар Пејо во „Солунски патрдии“.
Бил член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година се до неговото пензионирање. Џумерко имал огромен придонес во македонската култура со бројните остварени улоги во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, ТВ-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“.
Носител бил на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011-година. Роден бил во Прилеп, во 1946 година.