СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Microsoft ќе ја претстави наредната генерација од Windows на 24ти јуни

Од компанијата официјално го закажаа очекуваниот настан на кој ќе бидат презентирани новините поврзани со Windows

Со месеци веќе се пишува за поголема промена која треба да ја добие Windows 10. Поради тоа првата надградба на системот оваа година беше помала, нешто што овие неколку години обично е случајот во есенската надградба. Тоа до некаде ги потврди информациите дека Windows добива доста новини, а истите може да ги очекуваме во втората половина од годината.

Дека навистина нешто се спрема беше потврдено и од страна на Панос Панај, како и од директорот на Microsoft Сатја Надела, а и двајцата ја употребија реченицата „наредната генерација од Windows“. Сатја Надела за време на Build 2021 настанот истакна дека повеќе информации околу ова ќе бидат објавени наскоро, па како што се шпекулираше, Microsoft ќе одржи посебен настан само за Windows.

 

Тој настан сега е официјално закажан и ќе се одржи на 24ти јуни, поточно во четврток за три недели со почеток од 17:00 часот по македонско време.

Како што е стандардно уште, настанот ќе биде само онлајн, а ќе може да се следи во живо од страна на сите заинтересирани.

Неофицијалните информации досега говорат дека треба да се очекува дека во надградбата ќе биде ставен посебен акцент на корисничкиот интерфејс. Тоа значи дека ќе видиме доста промени во изгледот на Windows, а се истакнуваат промени кај Старт менито, таскбарот, менијата, апликациите и повеќе.

Уште една работа привлекува повеќе внимание, а тоа е користењето само на терминот Windows од страна на Панос Панај и Сатја Надела. Тоа ги подгрева шпекулациите дека надградбата ќе биде доволно голема да од Microsoft ќе се одлучат и за промена на името на системот.

Според некои информации, името на Windows ќе премине на наредната бројка, односно ќе биде наречен Windows 11. Дали тоа навистина ќе биде така ќе дознаеме за три недели.

На настанот се очекува да презентираат Сатја Надела, како и познатиот Панос Панај под кого се и развојот на Windows, како и Surface уредите. Надежите дека Windows ќе добие одамна потребни промени се зголемија по ставањето на Windows под водството на Панос Панај, кој е одговорен за развојот на успешните и добро прифатени Surface уреди.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content