Холаѓанките ги предводи селекторот Авитал Селингер кој на синоќешниот натпревар против САД стоеше премногу блиску до американското поле. Една блокината топка отиде кон него, па тој со брза реакција навреме се тргна, но како што забрзано одеше наназад се сопна и падна. На изненадување на сите, со акробација веднаш се исправи и ги собра аплаузите.
Холандија загуби со 0:3 во рамките на Лигата на нации каде лидер е токму САД и тоа со перфектен скор.