ДИК објави тендер за апарати за отпечаток од прст вреден 12 милиони евра

55

Во спецификацијата на огласот се наведува дека се бара интегриран систем за биометриска идентификација на гласачите, а вредноста на набавката изнесува околу 12 милиони евра. Крајниот рок до кога треба да се достават понудите е 1 јули.

Постапката за набавка на апаратите за отпечаток од прст почна во мај, но претходниот тендер беше поништен во петокот, откако од ДИК забележале грешки во спецификацијата. Наместо да се бара фирма што ќе набави апарати за биометриска идентификација на гласачи, се барало електронска идентификација на лица.

 

Од комисијата, сепак, очекуваат до втората половина на јули да заврши целата тендерска постапка и да биде избрана фирмата за да нема потреба од одложување на локалните избори.

По набавката на апаратите за гласање со отпечаток од прст, ќе треба да се изврши обука и да се имплементира опремата. Според проценките на ДИК и бројот на гласачки места, ќе се обезбедат околу 4000 терминали.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content