Од денеска без маски на отворено

34

Владата синоќа ги прифати измените и дополнувањата на рестриктивните мерки во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести.

Се дозволува присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено, и тоа до 30 % од вкупниот капацитет на посетители.
Се укинува забраната за групирање на јавен простор.
Се дозволува организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор (летни тераси) до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 % од капацитетот на просторот и до максимум 6 лица на маса.
Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од 4 лица на 6 лица со обезбедување дистанца помеѓу лицата на масата.
Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина и продолжува да важи забраната за движење од 24 до 4 часот до 15.6.2021 година.

На синоќешната седница Владата го донесе протоколот за организирање свадби/прослави и веселби.

Владата го прифати барањето на Одбојкарската федерација на Македонија претстојниот финален турнир од Европската сребрена лига за мажи, кој на 5 и 6 јуни ќе се одржи во спортската сала „Парк“ во Струмица и на кој ќе учествуваат националните селекции на Северна Македонија, Данска, Хрватска и на Унгарија, да се организира со присуство на публика со исполнет капацитет не повеќе од 30 % и со дистанца од 1,5 метар меѓу секој гледач, информираат од таму.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content