Короната ги наполни со пари приватните лаборатории: Авицена, Биотек и Синлаб со двојно поголеми приходи
Брисеви за коронавирус, проверка на антитела, д-димери, крвни слики, секојдневно овие лаборатории беа затрупани од пациенти кои не можеа да чекаат на здравствените услуги од државното здравство кога се работи за нивното здравје. Додека за брис за корона на државно се чекаше и по една недела приватните лаборатории беа ажурните и резултати се добиваа за еден или истиот ден, пишува во анализата порталот Пари.
Според податоците кои ги објавија вкупните приходи на трите компании во 2018 година изнесувале 4.2 милиони евра, додека во наредната 2019 заработиле 4.6 милиони евра, за во текот на кризната 2020 да генерираат вкупни приходи од 9.8 милиони евра.
Интересен е податокот дека трите лаборатории овој профит го заработиле со речиси идентичен број на вработени во тие три години. Имено, иако имале зголемен обем на работа, трите лаборатории заедно бројот на вработени го зголемиле само за 18 лица, односно Авицена вработила само тројца нови работници за три години, Синлаб само двајца повеќе, а Биотек најмногу -15 за следениот период.