Прогресивен, но и кризен данок – разгледува Владата

61

Даночната реформа значи воведување на прогресивното оданочување, јас велам – зошто да не. Кризата покажа дека некои богати станаа уште побогати. Заради идеолошкото верување, сметам дека треба да има прогресивно оданочување. Богатите треба да платат и да вратат на посиромашните. Ако тоа значи воведување на нов данок за посиромашните, велам не, затоа што на нив им должиме за да излезат од прагот на сиромаштија и да почнат да живеат достоинствено – рече Битиќи.

Од опозицијата  пак обвинуваат дека со даночната реформа која е во подготовка повторно ќе се удри врз стопанството и стандардот на  граѓаните.

 

Ќе имаме корекција во даноците, не го бараме решението кај себе, туку повторно удираме по бизнисот и граѓаните и ги зголемуваме даноците наместо да најдеме начин да ја намалиме сивата економија и така да се зголемат приходите во буџетот. Ние остануваме на нашата политика, а тоа е рамен данок и негово намалување до ниво од 8 проценти –  рече Христијан Мицковски – претседател на ВМРО- ДПМНЕ.

По актуелизирање на идејата за прогресивен данок од страна на академикот Таки Фити многу реакции стигнаа на адреса на сивата економија, односно дека не е легитимно да се зборува за зголемување на даноци кога даночната евазија се приближува до 40 проценти.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content