СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Граѓанска непослушност ако не се намали цената на електричната енергија

Претставници од Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија-НСКТМ МАКАМТРАНС и Независниот синдикат на градежни работници инжинери и трговци во градежништвото-НС ГРИТГ денеска на прес-конференција побараа намалување на цената на електричната енегија за 50 отсто и на другите комунални давачки.

Го повторуваме барањето за намалување на цената на електричната енергија од август  2020 година поткрепено со петиција од повеќе од 2.000 потписи. Тогашното барање за намалување на цената на струјата изнесуваше 35 отсто заради незаконитото вградување во цената на уставната категорија моќност. Ја надополнивме со 15 отсто додатно намалување во функција на полесно и побрзо закрепнување на граѓаните од тековната пандемија, изјави Страшо Јованов од Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија-НСКТМ МАКАМТРАНС.

 

Јованов пред Владата информира дека покрај намалување на цената на струја, бараат намалување за 50 отсто на цените на сите комунални давачки и услуги на интернет и телефонски провајдери и оператори. Предлагаат да се намалат цените на водата, ѓубретарина, улично осветлување, парното греење…

Тој соопшти дека ако тоа Владата не го спроведе во наредните денови, тогаш ќе ги повикаат граѓаните на, како што рече, револуционерна граѓанска непослушност.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content