Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје во рамките на ИСО 17025 на почетокот на месец мај 2021 со последната надзорна посета на Институтот за Акредитација на РМ направи проширување во методите за тестирање. Со тоа се зголеми бројот на акредитирани методи во делот на хемиските лаборатории во рамките на методата јонска хроматографија, анализа на земноалкални и алкални метали, алкалитет и дел од тешките метали со што се овозможува подетално утврдување на квалитетот на испитуваните примероци.
Проширувањето на методите во рамки на ИСО 17025, потврдено од ИАРСМ, создаде можности и услови покрај водоводите во земјата, контролата на своите производи да ја вршат и сите производители на пакувани минерални води во акредитираните лаборатории кои се дел од Секторот за санитарна контрола.
Контролата организирана на овој начин придонесува за исполнување на законските норми кои се предвидени во рамките на Законот за безбедност на храна 64/18, како и Правилниците за безбедност на водата за пиење бр. 183/18 и на Правилникот за пакувани и минерални води бр.184/18.