СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Избори 2024

ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него

ДКСК да покрене постапка против Фатмир Битиќи кој бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им сугерира и број на гласачко ливче. По објавениот документ од кој се гледа како Битиќи бара од компании да го поддржат затоа што им исплаќал државна помош тој требаше да се повлече од политиката, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Фактот што Битиќи не само што не се повлече, туку и не се извини, говори како СДС и ДУИ ја заробија државата и како 100тина функционери управуваат со државата како да е нивен личен имот. ДКСК не смее да чека, да отвори случај и да се отвори постапка и пред другите институции, потенцираа од партијата.

-Злоупотребите на институциите мора да запрат. По 8ми мај ќе се стави крај ма ваквите практики, а таквите како Битиќи ќе се соочат со одговорност. Време е да ја вратиме државата на народот. Македонија повторно твоја, нагласија во соопштението.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content