СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино

Татко од Чашка ги запоставил двете деца и ги терал да питачат. Ги носел дури и до Скопје и Велес за да бараат пари кои тој потоа ги трошел во казина.

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Извор во Општина Чашка за две кривични дела – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„ Постои основано сомнение дека во временскиот период од 2021 до 03.04.2024 година, осомничениот татко со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување ги запуштил сопствените две деца и од користољубие ги навел на питање. Тој ги носел децата на различни локации во Скопје и Велес, ги терал да бараат пари, а потоа паричните средства им ги земал и ги трошел во казино.“, велат од Обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност да се даде во бегство, да го повторува кривичното дело или да влијае врз оштетените деца.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content