СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

ЈАС ВНИМАВАМ И БЕЗБЕДНО ВОЗАМ“ – дефиле на велосипедисти и мотоциклисти за поголема безбедност во сообраќајот

Сите кои сакаат да дадат поддршка можат се приклучат на ова дефиле и да дадат личен придонес за подигнување на свеста за безбедност на велосипедистите и мотоциклистите.

Дефилето кое ќе се одржи под мотото ,,ЈАС ВНИМАВАМ И БЕЗБЕДНО ВОЗАМ” е во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), а партнери се компанијата ОКТА, Министерството за внатрешни работи, Факултетот за безбедност од Скопје и Црвениот крст. Поддршка за настанот даваат и здруженијата на велосипедисти и мотоциклисти „Мото клуб Безбедност“, „Прв до врв“ и „Здружението за друмски и планински велосипедизам“.

Целта на настанот е зголемување на сообраќајната култура на велосипедистите и мотоциклистите и подигнување на свеста за користење на заштитна опрема при вклучување во сообраќајот.

На учесниците кои први ќе пристигнат на почетните позиции, ќе им бидат доделени стартни пакети од страна на РСБСП. Како дополнителна поддршка на настанот, а во рамки на својата кампања за подигнување на свеста за безбедност во сообраќајот „ЈАС ВНИМАВАМ“, компанијата ОКТА ќе обезбеди велосипедски ѕвончиња, безбедносни велосипедски светла и заштитни кациги за учесниците во дефилето.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content