СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Избори 2024

Рамадани: Ахмети се плаши од владеењето на правото и од независната правда, сака да има траен имунитет и да биде над законот!

Али Ахмети има страв од владеењето на правото и од еден независен систем на правдата. Тој сака да има траен имунитет и да биде над законот. Сака да се засолни од заканата од македонскиот национализам, ама се додека е во Владата не се чувствува загрозен од македонскиот македонизам!“ – вели лекарот од Куманово Реџаил Рамадани во својата колумна „Али Ахмети се додека е во владата не се чувствува заплашен од македонскиот национализам“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

Рамадани пишува: Ги слушав Силјановска и Пендаровска, никој не беше националист, никаде не изразуваат противалбанско расположение. Силјановска и Пендаровски се разликуваат само во нивните концепти за надворешната и внатрешната политика на Македонија. Нивните изјави се извадени од контекст, но во суштина тие немаат националистички пристап, имаат конституционалистички пристап, за уставот. Но, ние имаме многу функционално неписмени, кои не разбираат што им се зборува.

Ахмети сака да се засолни од заканата од македонскиот национализам, иако 24 години имаше целосна соработка со Никола Груевски, со Димитар Ковачевски и Зоран Заев. Ама се додека е во Владата Ахмети не се чувствува загрозен од македонскиот национализам…

Со овие тези Али Ахмети настојува да добие поддршка од неинформирани и некомпетентни кругови во Приштина и во Тирана, повторно да го сметаат како херој. Но, факт е дека Али Ахмети има страв од владеењето на правото и од еден независен систем на правдата. Тој сака да има траен имунитет и да биде над законот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content